Потпишан меморандум за соработка со Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип
Меморандум за економско и образовно зајакнување на Карпош
Во насока на зајакнување на образованието, економскиот и културниот живот на локално ниво, Општина Карпош склучи Меморандум за соработка со Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ – Скопје.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека Општината во изминатиот период склучи повеќе меморандуми, со цел е да се зајакне соработката со различни здруженија и организации кои во својот делокруг на работење ја имаат и локалната самоуправа.
– Целта на потпишувањето и на денешниот Меморандум е да покажеме дека во Карпош се чувствува една поинаква енергија и подготвеност да се соработува со интелектуалци, истакнати универзитетски професори, асоцијации и здруженија на различни полиња од општественото живеење, рече Богоев.
Претседателката на Институтот, д-р Елизабета Томевска Илиевска посочи дека ова здружение во изминатиот период работеше на вмрежување со повеќе институции и единици на локалната самоуправа.
Начините за соработка меѓу страните – потписнички на Меморандумот се најразновидни: заедничко аплицирање на проекти,организација на работилници и на тематски конференции, истражувања и анализи кои ќе бидат корисни за Општината во процесот накреирањето на политики и проекти кои би влегле во буџетските програми.
Присутните заклучија дека особено значење ќе имаат активностите од областа на образованието и вклучување на наставниот кадар и учениците во детектирање на секојдневните проблемите во едукативниот процес.
Форум за јавни политики: Интегриран пристап за заштита на квалитетот на воздухот: Унапредување на соработката помеѓу централната власт, локалната власт и граѓанските организации
Датум на одржување: 14.12. 2017 година
Време на одржување: 10:00 – 14:00
Место: х. Континентал, Скопје
Организатор: УСАИД
Цел на трибинта: предлози и мерки за решавање на проблемот со загадувањето во градот Скопје, како и можности за поефективни модели за соработка меѓу: граѓанските организации, локалната и централната власт.
Учесници од Институт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје
Проф. д-р Татјана Стојаноска-Иванова
Проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска