Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ – Скопје е составен од 5 постојани активни членови и повеќе од 25 надворешни соработници со различни образовни и научни профили кои имаат своја соодветна контрибуција во активностите на институтот. Надворешните соработници се компетентни лица од својата област и согласно портфолијата се: универзитетски професори, педагози, социолози, психолози, правници, наставници, новинари, економисти, филолози, спортисти, уметници од различни области и други.
Проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска
Претседател на Институтот ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ СКОПЈЕ (од 2018 до денес)
Проф. Елизабета Томевска-Илиевска е доктор по педагошки науки, редовен професор на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бирана е за научните области: Педагогија, Методика, Методологија и Статистика. Раководител е на Институтот за педагогија (од 2021 година).
Томевска-Илиевска 20 години активно учествува како образовен експерт и тренер во многубројни меѓународни и национални образовни програми. Покрај тоа, д-р Елизбета Томевска-Илиевска, како образовен експерт, евалуатор и истражувач била вклучена во национални и меѓународни проекти и во бројни научни истражувања. Таа учествува во многу активности поврзани со образовната политика во областа на основното воспитание и образование и средното стручно образование и обука, и во подобрување на јазичната писменост во раната училишна возраст во Р. Македонија. Таа учествува на бројни конференции во земјата и странство.
Проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска е член на Комисијата за настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (од 2020 година до денес).
Томевска-Илиевска партиципира во уредувачки одбори на зборници, програмски и организациски одбори на домашни и меѓународни конференции, работата на факултетски комисии. Член е на Научното друштво за образование и педагогија на Република Македонија. Таа е уредник на Меѓународното списание за образование, истражување и обука во издание на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје (International Journal for Education, Research and Training – IJERT) www.ijert.fzf.ukim.edu.mk и рецензент на International Journal of Cognitive Research in Science, Engineering and Education (IJCRSEE) ISSN 2334-847X (Printed). ISSN 2334-8496 (Online). www.ijcrsee.com
Претседтел е на Организацискиот одбор и член на Програмскиот одбор на Меѓународната научна конференција со наслов „75 години Институт за педагогија –Воспитно-образовни предизвици и перспективи” (2022) pedagogy.fzf.ukim.edu.mk
Член е на Меѓународната асоцијација за наука и образование (ICONSE) Web: www.isres.org
Автор и коавтор e на повеќе учебници (универзитетски и за основно образование), прирачници, научно–истражувачки публикации, статии и прирачна детска литература.
Проф. д-р Ана Фрицханд Проф. д-р Ана Фрицханд е родена на 26.01.1978 година во Скопје, Р. Македонија. Студиите по психологија ги завршува на Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2001 година. На истиот Универзитет магистрира во 2007 година, а во мај, 2010 година и докторира во областа на Развојната психологија и Психологијата на моралот. Клучните истражувачки интереси на проф. д-р Фрицханд се од областите на развојната психологија, психологијата на моралот и психологијата на мирот и конфликтите. Во својата досегашна професионална кариера проф. д-р Фрицханд објавила повеќе научни трудови, а учествувала и на голем број референтни меѓународни научни конференции и конгреси од областа на психологијата во Европа и светот. Проф. д-р Ана Фрицханд учествувала во повеќе национални и регионални научно-истражувачки проекти, била ангажирана како експерт во работни групи при Министерството за образование и наука и при Државниот Испитен Центар, а во моментов е раководител на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје.
Проф. д-р Дејан МицковиќДејан Мицковиќ е доктор по правни науки, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Избран е на научната област Граѓанско право. На додипломските и мастер студиите на Правниот факултет предава семејно и наследно право, современи наследноправни системи, социологија на семејството, европско семејно право и новите репродуктивни технологии и правото.
Дејан Мицковиќ учествувал во поголем број национални и меѓународни проекти финансирани од Европската комисија, Уницеф, УНДП и Владата на Република Македонија. Раководител е на работната група за изработка на Книга 4 (наследноправни односи) и Книга 5 (семејноправни односи) од Граѓанскиот закон на Република Македонија. Главен уредник е на електронското списание Iustinianus Primus Law Review, што го издава Правниот факултет „Јустинијан Први“, а бил главен уредник и на списанието „Евродијалог“. Бил член на Правниот совет на Владата на Република Македонија. Учествувал како предавач на голем број конференции во земјата и во странство.
Автор е и коавтор на повеќе монографии, универзитетски учебници, научно–истражувачки публикации и текстови објавени во поголем број меѓународни и домашни списанија.