Учениците не го препознаваат насилното однесување

Резултатите од емпириски и теренски истражувања покажуваат фрапантни податоци за тоа дека учениците немаат доволно знаење и немаат развиено компетенции да го препознаваат насилното однесување, а и доколку се жртви на насилство, како треба да го пријават. Голем дел од нив тоа го споделуваат со врсниците, а дел со семејствата. Затоа многу се важни наставниците и стручните служби во основните и средните училишта, но и локалните самоуправи и полицијата.

Ова го истакна професор доктор Елизабета Томевска Илиевска, претседател на Институт “Европа за тебе” од Скопје. Како доктор по педагошки науки, таа денеска беше еден од реализаторите на семинарот за превенирање на насилното однесување во основните и средните училишта, што се одржа во земјоделско шумарското училиште во Кавадарци. На семинарот учествуваа наставници и професори од кавадаречките училишта.

– За жал, многу голем број од насилствата се случуваат и во училниците. Според учениците, тоа е на некој начин најбезбедното место во кое нема камери, а на малите одмори нема наставници. Како резултат на претходно вербално насилство, многу активното сајбер насилство преку социјалните мрежи, доаѓа до физичко и друг вид насилство и во самата училница, нагласи таа.

Возраста од средно образование е, додаде, веќе задоцнета приказна. За оваа проблематика треба да почне да се дејствува уште од рана училишна возраст. Треба да има развивање на свеста, малку погласно да се зборува за ова. Да има развиени знаења како кај наставниот кадар, така и кај семејствата.

Изрази благодарност до Општина Кавадарци за интересот да се сензибилизира исклучително важната, за жал, актуелна проблематика, која не ја има само во нашата држава, туку и во регионот и целиот свет.– На територијата на Кавадарци има десет училишта од кои три се средни, а седум се основни. Во март и април ќе бидат реализирани два циклуса на обуки. Првиот циклус се однесува на темата „Превенирање на насилното однесување меѓу учениците во основните и средните училишта“. Вториот циклус се однесува на подобрување на квалитетот на наставата, преку интерактивни модели да се развијат педагошки компетенции на наставниците, појасни таа.Првата проблематика за превенирање, се реализира низ четири семинари со кои се опфатени наставници од одделенска и предметна настава, но и стручни лица кои се важни во дијагностицирањето и третирањето на оваа проблематика во училиштата.

– Многу размислувавме каков пристап да имаме на овие обуки и го почитуваме образовниот светски тренд, дека треба на оваа проблематика да се пристапува мултидисциплинарно. Од тој аспект, овој проблем ќе биде третиран од педагошки, психолошки, правен и социолошки аспект. Во секојдневието има различни насилни однесувања за кои не се говори многу. Затоа имаме и мајка која ќе ги презентира своите искуства како родител чие дете било жртва на булинг, додаде Томевска Илиевска.

Градоначалникот Митко Јанчев го поздрави организирањето на еден ваков семинар и рече дека локалната работа работи на физибилити студии за скејт парк, затворен базен и други содржини, со што младите паметно ќе го трошат своето слободно време и нема да бидат жртви на пороци.

Освен Томевска Илиевска, реализатори на семинарот се и професор доктор Татјана Стојаноска Иванова, доктор по социолошки науки, професор доктор Ана Фрицханд, доктор по психолошки науки и професор доктор Дејан Мицковиќ, доктор по правни науки.

https://sitel.com.mk/uchenicite-ne-go-prepoznavaat-nasilnoto-odnesuvanje

Превенирање на насилното однесување во училиштата во Кавадарци

Мултидисциплинарен тим на експерти од Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики – Европа за тебе, од Скопје, во соработка и со поддршка од општина Кавадарци, од 21 до 29 март, одржа четири семинари на тема „Превенирање на насилното однесување меѓу учениците во основните и во средните училишта“.

На семинарите беа опфатени 180 наставници од одделенска и предметна настава, професори од средните училишта, како и стручните соработници 7 од основните и 3 од средните учулишта. Семинарите се одржаа во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ и средното земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров“.

Поединечните теми во рамките на овие семинари беа фокусирани на: правата на децата, правни, социолошки, психолошки и педагошки аспекти на насилството и малтретирањето во училиштата, психолошки последици од изложеноста на малтретирање и насилство во училиштето и можности за нивно рано препознавање и превенција.

На семинарите наставниците беа запознаени со позитивни практики за намалување на насилството во училиштата како и со наоди од најнови релевантни истражувања спроведени кај нас и пошироко.

Семинарите беа реализирани од страна на реномирани универзитетски професори, од д-р Дејан Мицковиќ, д-р Татјана Стојаноска Иванова, д-р Ана Фрицханд и д-р Елизабета Томевска Илиевска. Обуката имаше интерактивен карактер, со динамична комбинација на теоретски и практични сознанија, со цел да им помогнат на учесниците не само да ги надградат своите знаења за насилствата во училиштата, туку и да разменат искуства од сопствените практики, како и да се стекнат со ефикасни и применливи стратегии за препознавање и интервенција во насилни ситуации кои потенцијлно би можеле да се јават во нивните училишта.

Синоќа во домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци на 180 наставници учесници на семинарите им беа врачени сертификати од страна на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и претседателката на Институтот Европа за тебе – Скопје Елизабета Томевска Илиевска. 

ООУ „Александар Македонски“

Превенцијата од насилство е една од главните теми на обуката што ја организиравме денеска во соработка со Институтот за европски образовни и социокултурни и економски политики – Европа за тебе.
Обуките се одржуваат во ООУ „Александар Македонски“, а предавачи се врвни експерти од Институтот ‒ Дејан Мицковиќ (д-р по правни науки), Татјана Стојаноска Иванова (д-р по социолошки науки), Ана Фрицханд (д-р по психолошки науки) и Елизабета Томевска-Илиевска (д-р по педагошки науки).
Општина Аеродром е секогаш подготвена да соработува и да ги поддржува сите иницијативи што се однесуваат на заштита на учениците.

СТРУЧНИ ОБУКИ ЗА ПОДОБРО ВОСПИТУВАЊЕ ВО ГРАДИНКИТЕ

Во детската градинка „ Орце Николов“ се одржа обука за ран детски развој и учење на темите „ Како учат децата“? , „ Развој на говор од 0-6 години“, како и на „ Стимулативна средина за учење“. Оваа обука за професионален развој е наменета за воспитувачи, стручни соработници и стручни работници од оваа предучилишна установа.

Темите кои се опфатија во оваа обука се од исклучително значење, и опфаќаат сензибилизирачки актуелни и современи педагошко-психолошки аспекти на воспитно-образовната работа со деца од предучилишна возраст. Обуката се одржа во автентична средина и пријатна атмосфера.

Реализатори на обуката се: проф .Д-р Лена Дамовска , доктор на педагошки науки, проф. Д-р Ана Фрицханд, доктор по психолошки науки, како и проф. Д-р Елизабета Томевска- Илиевска, која е доктор по педагошки науки, и Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики „ ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ“, Скопје.

ЈУДГ “Буба Мара” – општина Аеродром

Во ЈУДГ “Буба Мара” – општина Аеродром во Скопје на ден 24.11.2018 година се одржа обука за ран детски развој и учење, на следните теми: Како учат децата? Развој на говор од 0 до 6 години. Стимулативна средина за учење. Обуката за професионален развој е наменета за воспитувачи, стручни соработници и стручни работници од истоимената предучилишна установа. Темите на обуката сензибилизираат исклучително актуелни и современи педагошко-психолошки аспекти на воспитно-образовната работа со деца од предучилишна возраст. Обуката со интерактивен карактер се одржа во автентична средина и во пријатна атмосфера.
Евалуацијата ја потврди потребата на стручњаците од практиката дека имаат потреба за организирање и реализирање на обуки од ваков карактер и истата беше позитивно вреднувана.
Реализатори на обуката се: проф. д-р Лена Дамовска (доктор по педагошки науки), проф. д-р Ана Фрицханд (доктор по психолошки науки) и проф. д-р Елизабета Томевска- Илиевска (доктор по педагошки науки) Институт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје.

https://24.mk/details/obuka-za-ran-detski-razvoj-i-uchenje-vo-gradinkata-bubamara-vo-aerodrom4https://m.makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=260603

„Иднината на Валандово-младите ја развиваат свеста и љубовта кон сопствената култура, наследство, традиција и богатство – СВЕСТА ЗА СВОЕТО ВАЛАНДОВО“

Проект од национален интерес во културата од областа на интердисциплинарни проекти:  „Иднината на Валандово-младите ја развиваат свеста и љубовта кон сопствената култура, наследство, традиција и богатство – СВЕСТА ЗА СВОЕТО ВАЛАНДОВО“. Институт ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје, Министерство за култура на РС Македонија, Општина Валандово. (2019)  Период на реализација: април-декември 2019

https://valandovo.gov.mk/Content.aspxIdMenu=222&IdLanguage=1&IdRoot=1

Соработка на Аеродром и институтот „Европа за тебе“ за подобро образование

Општина Аеродром потпиша Меморандум за соработка со Институтот за европски образовни, социокултурни и економски политики „Европа за тебе“ Скопје.

Целта е спроведување конкретни проектни активности, истражувања, креирање, развој и промоција на европски образовни, социокултурни и економски политики со што ќе се унапреди образовниот, економскиот, културниот и општествениот статус на граѓаните.

– Во рамки на оваа соработка ќе се организираат заеднички работилници, семинари, обуки, трибини и други форми на активности за зајакнување на педагошките компетенции на наставниците, преку развивање современи интерактивни модели кои ќе се имплементираат во основното образование. На тој начин ќе се унапредува квалитетот на наставата, согласно современите образовни системи и практики. Ваквата програмска поставеност е своевидна поддршка и на претстојните реформи на воспитно-образовниот процес во Република Македонија, со посебен осврт на основното воспитание и образование, соопшти Општина Аеродром.

Преку Меморандумот за соработка со Институтот „Европа за тебе“ општина Аеродром ќе добие и стручна помош и поддршка за аплицирање и учество во проекти, чија цел е унапредување на воспитно-образовните, економските и социокултурните услови во училиштата.

https://kanal5.com.mk/sorabotka-na-aerodrom-i-institutot-evropa-za-tebe-za-podobro-obrazovanie/a335573

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Гевгелија и Институтот Европа за тебе Скопје

Општина Гевгелија и Институтот за европско образование, социјално-културни и економски политики „Европа за тебе“ од Скопје потпишаа Меморандум за соработка за спроведување истражување, креирање и развој и промоција на европското образование, социо-културни и економски политики. Ваквата заедничка цел и соработка ќе се остварува преку аплицирање и учество во проекти за унапредување на едукативните, економските и социо-културните услови во нашата земја. И тоа, преку организирање на заеднички работилници, тркалезни маси и семинари, како и објавување на печатени и електронски публикации.