Преставници на на повеќе детски градинки од земјава деновиве во Дојран се едуцираа како да се прифати ово ново време без притоа да се наруши меналното здравје и да се воспостоваи соодветна комуникација и со родителите се со цел полесно да се надмине новите правила што ги наложува пандемијата.
Градинктие работата со ограничен капацитет заради новите протоколи. Дечињата се навикнуваат на нови правила што сето тоа може да предизвика и соодветен стрес, велат од градинките кои признаваат дека стравот си го прави своето и во овие установи се помалку деца има.
Од Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ потенцираа дека не смее да се прави дискриминација на оздравените пациенти од ковид 19 посебно ако се деца кои престојвуаат во градинки.
Градинките почнаа со работа од 9 октомври а изминативе денови здравствените власти соопштија и за инфицирани деца кои престојувале во детски установи.
ОБУКА ВО ЈУДГ ОЦ „13НОЕМВРИ“ – СКОПЈЕ ОД ИНСТИТУТОТ ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ, СОЦИО-КУЛТУРНИ И ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ – ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ, СКОПЈЕ Денес во Матичниот објект на нашата Установа мултидисциплинарен тим на експерти од ИНСТИТУТОТ ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ, СОЦИО-КУЛТУРНИ И ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ – ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ, од СКОПЈЕ, , во соработка со реномирани професори од катедрите за педагогија и психологија при УКИМ, одржа еднодневна обука на тема РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ организирана за воспитувачи и стручни соработници и работници. Реализатори на оваа обука беа: – Проф. д-р. Елизабета Томевска-Илиевска, доктор по педагошки науки со предавање: „Стимулативна средина за учење“ – Проф. д-р. Ана Фрицханд, доктор по психолошки науки со предавање „Развој на говорот од 0 до 6 години“ – Проф. д-р Лена Дамовска – доктор по педагошки науки, со предавање: „Како учат децата? Предавањата беа од интерактивен карактер, со комбинација на теоретски и практични сознанија, со цел да им помогнат на учесниците не само да ги надградат своите знаења, туку и да разменат искуства од сопствената практика, Сите учесници на крајот на семинарот се стекнаа со сертификати.
Денес во нашата градинка беше одржана обука во рамките на ран детски развој и учење наменета за воспитувачи „Превенирање на насилното однесување меѓу децата од предучилишна возраст“во соработка со Институтот Европа за тебе – Скопје, од страна на проф. д-р Елизабета Томевска Илиевска – доктор по педагошки науки, проф. д-р Ана Фрицханд – доктор по психолошки науки, проф. д-р Дејан Мицковиќ – доктор по правни науки и проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова – доктор по социолочки науки.
Без познавање на сопствената култура и историско археолошките локалитети во своја близина и нивно негување, нема промоција ниту пак развој на локалната заедница.
Ова е пораката на Институтот за европско образование и социоекономски кутлурни политики Европа за тебе од Скопје кој што го реализираше проектот „Свеста за своето Валандово“ каде младите и учениците се едуцираа за археолошките наоѓалишта во ова општина.
Валандово располага со 30-тина археолошки локалитети и голем број историско културни споменици. Но анализата на Инситутот покажала дека младите и учениците не знаат што соединуваат во сопствената општина, ниту ги имаат посетено, затоа е потребно поголем акцент да се стави во образовниот процес и теренска посета на истите, смета Елизабета Илиевска од Институтот.
Проектот „Свеста за своето Валандово“ траеше неколку месеци, а финансиски беше поддржан и од Министерството за култура се со цел да се има образовна промоција на културното наследство на Валандово.
Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски денеска во просториите на општината потпиша Меморандум за соработка со Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики Европа за тебе-Скопје.
Димитриевски потенцираше дека општината ќе соработува со Институтот на полето на едукација на кадрите во основните и средните училишта, како и на заштитата од општествено-опасните појави, со цел како да се постапи за да не дојде до насилство.
Од Институтот истакнаа дека ќе се одржи циклус на семинари за наставниците од училиштата, во кои ќе бидат вклучени и претставници од Советот на родители, како важна алка, а и учениците, како крајни конзументи, со стекнување на значаен и признаен сертификат од сработеното.
Во споменатиот Институт работат еминентни и реномирани универзитетски професор по: правни, социолошки, психолошки, педагошки и безбедносни науки, кои ја потенцираат потребата од образовна интервенција во училиштата и меѓуинституционално вмрежување.
Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје и општината Дојран вчера во просториите на Општина Дојран потпишаа меморандум за соработка. Заедничка цел на двете страни е да спроведуваат истражување, креирање, развој и промоција на европски образовни, социо-културни и економски политики на национално и меѓународно ниво, со посебен акцент на унапредувањето на образовниот, економскиот, културниот и општествениот статус на сите категории на граѓани (децата, младите и возрасните).
Во оваа смисла, Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје и општина Дојран, покажаа интерес да изградат партнерство во спроведување на конкретни проектни активности со намера да ги остварат заедничките цели преку реализирање на взаемни проекти во сферата на образовниот, економскиот, социо-културниот и општествениот живот. Страните се сложија да воспостават блиска соработка за остварување на своите програмски определби и цели. Соработката ќе се одвива преку аплицирање и учество во проекти чија цел е унапредување на едукативните, економските и социо-културните услови во С. Р. М со посебен акцент врз унапредувањето на економскиот, културниот и општествениот статус на граѓаните на национално и меѓунационално ниво, согласно плановите и програмите на двете страни.
Во наредните десетина месеци жителите на Општина Валандово ќе се запознаваат со археолошкото културно и историско наследство кое го поседуваат во непосредна близина и преку разни активности ќе ја подигаат свеста за негова промовирање. Ова е целта на проектот што го спроведува невладиниот Институт „Европа за тебе“ од Скопје со цел младите да ги дознаат сопствените корени преку традициите и културни вредности. Проектот ќе ги опфати сите училишта во оваа општина и ќе предизвика можност за запознавање и искористување на културното наследство како основа за туристичка промоција на Валандово.
Градоначалникот на Кавадарци м-р. Митко Јанчев и претседателката на Институтот Европа за тебе – Скопје Елизабета Томевска Илиевска, во домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци на 180 наставници учесници на семинарите на тема „Превенирање на насилното однесување меѓу учениците во основните и во средните училишта“ им врачиа сертификати за учество и успешно завршена обука.
За суштината на ова стручно предавање говореше м-р Зорица В’чкова раководител на одделението за образование во Општина Кавадарци која посочи дека Обуката имаше интерактивен карактер, со динамична комбинација на теоретски и практични сознанија, со цел да им помогнат на учесниците не само да ги надградат своите знаења за насилствата во училиштата, туку и да разменат искуства од сопствените практики,
Градоначалникот Јанчев им честиташе на наставниците за стекнатото знаење и можноста за ова тема да учат и разговараат со најдобрите стручњаци во земјата, како и можноста наставниците да се стекнат со ефикасни и применливи стратегии за препознавање и интервенција во насилни ситуации кои потенцијлно би можеле да се јават во нивните училишта. Градоначалникот притоа искажа и задоволството од одржувањето на семинарот во Кавадарци.
Од 21. до 29. март 2019 година мултидисциплинарен тим на експерти од Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики –Европа за тебе, од Скопје во соработка и подршка од општина Кавадарци, одржа четири семинари На семинарите беа опфатени наставници од одделенска и предметна настава, професори од средните училишта, како и стручните соработници 7 од основните и 3 од средните учулишта.Семинарите се одржаа во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ и средното земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров“.
Поединечните теми во рамките на овие семинари беа фокусирани на: правата на децата, правни, социолошки, психолошки и педагошки аспекти на насилството и малтретирањето ( булингот ) во училиштата, психолошки последици од изложеноста на малтретирање и насилство во училиштето и можности за нивно рано препознавање и превенција.
Семинарите беа реализирани од страна на реномирани универзитетски професори и тоа д-р Дејан Мицковиќ, д-р Татјана Стојаноска Иванова , д-р Ана Фрицханд и д-р Елизабета Томевска Илиевска.