Потпишан меморандум за соработка помеѓу Институтот за европски образовни, социо – културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ – Скопје и Општина Охрид

На ден 22 септември 2023 година Институтот за европски образовни, социо – културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ – Скопје потпиша меморандум за соработка со општина Охрид! Меморандумот е потпишан од страна на г-дин Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид и проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска, претседател на Институтот за европски образовни, социо – културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ – Скопје. Потпишувањето на овој меморандум означува почеток на успешна соработа и реализирање на современи содржини и активности од областа на образованието и културата.