За Нас

Во генерална констелација на односи, во која етиологијата на појавните облици на општествените форми на делување, реакција и манифестација е конститутивно инкорпорирана во круцијалните сегменти на кои почиваат постулатите на нашето општество, а диверзитетот на идеите бара своја појавна манифестација и во перспектива, промени кон создавање придобивки за сите индивидуи без исклучок, тимот на институтот ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ сфаќајќи ја целисходноста од позитивната контрибуција на своите капацитети кон градење сегменти на општеството кои ќе бидат придобивка, си постави задача сите свои ресурси и капацитети да ги сосредоточи кон градење подобар систем на вредности и развојни перспективи за сите. Аналогно на ова, Институтот ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ во својата програмска агенда на делување, за есенцијална цел си постави пред себе исполнување на сферата на македонското општество кое е фокусирано кон развој, размена на идеи и напредок, со факти, емпириски докази, развојни идеи, научно засновани елаборации, истражувања и постигнувања кои во својата крајна инстанца ќе придонесат кон бенефит од различна природа за сите инволвирани и пошироко, за општеството во даден момент и простор.

Во сите општества без исклучок, постојат различни сфери на интерес пратставувани од различни групи кои застапуваат конкретни интереси, но постојат генерални цели и придобивки кон кои стремат сите чинители кои учествуваат, управуваат и придонесуваат едно општество да биде просперитетно, развојно ориентирано и во својата крајна инстанца успешно. Токму во овој процес, тимот на ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ го пронаоѓа своето место, обидувајќи се на општеството да му понуди нов начин, модел и форма на однесување, делување, реализација, ефективност и ефикаснот од спроведените активности кои ќе бидат препознаени како предмет на интерес и понатамошна придобивка.

Ние не постоиме за да молиме, не функционираме за да застанеме, не се етаблираме за да исчезнеме, туку, за да бидеме пример, начин, модел и форма на успешно работење, ефикасно спроведување, ефективно реализирање, долгорочни бенефити, целисходни придобивки… придружете ни се.

МИСИЈА

Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ – Скопје е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економкси развој на територијата на Република Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот.

Мисијата на Здружението Институт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ – Скопје е: да врши истражувања, креира политики, развива и спроведува проекти и програми кои го унапредуваат образованието, социо-културата и екомомијата во современото општество, како клучен фактор за образовен, културен, економски и социјален развој на едно општество. Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики, спроведува програми и проекти во соработка со институции и организации, поддржува и применува иновативни и современи пристапи и на различни начини се стреми да ги зголеми можностите за образование, обука, социо-култура и економија.

ВИЗИЈА

Визијата на Здружението Институт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ – Скопје е: истражување, креирање, развој и промоција на европски образовни, социо-културни и економски политики на локално регионално и меѓународно ниво преку создавање на компатибилен систем пандан на европските трендови во областите од интерес на иститутот и општеството во целост.

Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ – Скопје , македонското општество го доживува како еден динамичен систем кој почива на постулатите на еднаквост, севкупен развој, образовен поттик, социо-културен развој, екеономски просперитет и благосостојба на целата нација, впрочем круцијални сегменти кои се пандан на едно современо европско општество. Институтот сите свои капацитети и човечки ресурси ќе ги фокусира кон создавање и унапредување на сите аспекти кои ја градат есенцијата на едно просперитетно општество.