Проекти

1.Проект од национален интерес во културата од областа на интердисциплинарни проекти: „Развивање на педагошките компетенции на водичите од археолошките музеи и локалитети во Република Македонија за работа со деца и млади – ПРЕКУ ПЕДАГОГИЈА ДО АРХЕОЛОГИЈА“. Министерство за култура на Р.Македонија, Институт ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје, Здружение Детски свет (2018) 

Период на реализација: април-декември 2018.

Целна група: Ученици и наставници од основни и средни училишта на територијата, водичи и вработени лица од археолошки музеи и локалитети, претставници од Министерството за култура на РС Македонија.

2.Проект од национален интерес во културата од областа на интердисциплинарни проекти:  „Иднината на Валандово-младите ја развиваат свеста и љубовта кон сопствената култура, наследство, традиција и богатство – СВЕСТА ЗА СВОЕТО ВАЛАНДОВО“. Институт ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје, Министерство за култура на РС Македонија, Општина Валандово. (2019) 

Период на реализација: април-декември 2019.

Целна група: Ученици, наставници, професори, стручни служби и директори од основни и средни училишта на територијата на о. Валандово, претставници од локалната самоуправа на Валандово и претставници од Министерството за култура на РС Македонија.

Започнува имплементацијата на проектот “Свеста за своето Валандово” кој го реализираат Општина Валандово и општинските образовни институции во партнерство со Здружението Институт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ од Скопје.

Целта на проектот е преку едукативни работилници, семинари и посети на локациите од историска важност за нашата општина, младите од општината да ја развијат свеста и љубовта кон сопствената култура, наследство, традиција и богатство. Учесниците во проектот, ќе изготват и промотивен материјал со цел поефективно претставување на валандовската вредност и посебност пред останатите и ќе допринесат во дополнителна едукација за сопственото културно наследство кај најмладите од општина Валандово. Проектот “Свеста за своето Валандово” е поддржан од Министерството за култура, како дел од поддршката на проекти од национален интерес во културата.

Започнуваме со имплементација на нов проект “Свеста за своето Валандово” во соработка со Министерството за култура и Институтот “Европа за тебе”.25 април 2019

Називот на проектот:

„Иднината на Валандово – младите ја развиваат свеста и љубовта кон сопствената култура, наследство, традиција и богатство“- СВЕСТА ЗА СВОЕТО ВАЛАНДОВО

Период на реализација на проектот: од април до декември 2019 година

Реализацијата на проектот од национален интерес е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и во соработка со општина Валандово

Археолошки локалитет Исар Марвинци

Археолошкиот локалитет Исар Марвинци се наоѓа во непосредна близина на Валандово. Откриен е уште за време на Првата светска војна, а од шеесетите години на XX век континуирано, систематски се истражува сè до денес. Периодот на егзистирање на овој локалитет потекнува од преминот на бронзеното во железното време (околу 1200 година пред н. е.) и преку античкиот период има континуитет до доцната антика во V век н. е. Неговиот развој се должи на геостратешката местоположба и локацијата на најзначајниот пат на овие простори Via axia (Вардарски пат). Според пронајдениот антички патоказ во 1984 година, на локалитетот Исар Марвинци бил лоциран еден од античките градови Добер или Идомене.

При истражувањата на овој локалитет кој по обем е меѓу најголемите во Македонија со уште неколку локалитети (Скупи, Стоби и Хераклеа), пронајден е голем број на движен и недвижен археолошки материјал. Според бројот на пронајден движен археолошки материјал, Исар Марвинци претставува најбогатиот археолошки локалитет од железното време и од античкиот период. Од архитектонските елементи пронајдени на локалитетот најзначајни се каструмот – квадрибург, потоа Храмот кој е обновен во 181 година, т.н. палата со мозаични подови, цистерната, голем број куќи од железното време и од класичниот, хеленистичкиот и римскиот период.

Најголемиот и најзначаен археолошки локалитет во Долното Повардарие секако заслужува да продолжи археолошки да се истражува, образовно да се промовира, но и туристички да профункционира затоа што се наоѓа на самиот автопат.

Работна посета на Домот на културата во општина Валандово во рамките на проектот од национален интерес во културата за 2019 година ,,Иднината на Валандово – младите ја развиваат свеста и љубовта кон сопствената култура, наследство, традиција и богатство – СВЕСТА ЗА СВОЕТО ВАЛАНДОВО”.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, а се реализира во соработка со општина Валандово.27 јули 2019

Проектот ,,СВЕСТА ЗА СВОЕТО ВАЛАНДОВО” го реализира Институтот ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје, поддржан од Министерството за култура на РСМ и во соработка со општина Валандово.
Во контекст на самиот проект денес беше организирана работна посета на Археолошкиот музеј на Македонија со наставници, професори и претставници од општината Валандово. Посетителите имаа можност да бидат дел од стручни предавања од универзитетски професори по аехеологија за културното наследство од Валандово и валандовскиот регион, коешто го завзема најголемиот дел од експонатите на Археолошкиот музеј на Македонија.

Завршна конференција ,,Свеста за своето Валандово”, ноември 2019 година

Честа припадна на Институтот ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ СКОПЈЕ! Доделена „6-то Ноемвриска“ Благодарница од општина Валандово за реализација на проект од национален интерес за 2019 година „Свеста за своето Валандово“.

Проектот ,,СВЕСТА ЗА СВОЕТО ВАЛАНДОВО” го реализира Институтот ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје, поддржан од Министерството за култура на РСМ и во соработка со општина Валандово.

Во контекст на самиот проект денес беше организирана работна посета на Археолошкиот музеј на Македонија со наставници, професори и претставници од општината Валандово. Посетителите имаа можност да бидат дел од стручни предавања од универзитетски професори по аехеологија за културното наследство од Валандово и валандовскиот регион, коешто го завзема најголемиот дел од експонатите на Археолошкиот музеј на Македонија.

17 октомври 2019  

3.Проект од национален интерес во културата од областа на интердисциплинарни проекти:  „Иднината на Валандово-младите ја развиваат свеста и љубовта кон сопствената култура, наследство, традиција и богатство – СВЕСТА ЗА СВОЕТО ВАЛАНДОВО II“. Институт ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје, Министерство за култура на РС Македонија, Општина Валандово. (2020)

Период на реализација: април-декември 2020.

Целна група: Наставници, професори, стручни служби и директори од основни и средни училишта на територијата на о. Валандово, претставници од локалната самоуправа на Валандово и претставници од Министерството за култура на РС Македонија.

  • Работен состанок со градоначалникот на општина Валандово г-дин Перо Костадинов, претставници од локалната самоуправа и со дел од тимот на Институтот Европа за тебе Скопје.

Подгoтовка на теренски активности во услови на пандемија.

Проект ,,Свеста за своето Валандово II”

Работна средба со претставници од општината Валандово, наставници и професори од основните и од средните училишта во рамките на проектот ,,Свеста за своето Валандово II”, подржан од Министерството за култура.

Посета на манастирот Св. Ѓорѓија.

Проект ,,Свеста за своето Валандово II”, Национален проект поддржан од Министерството за култура и општина Валандово.

26. IX 2020 година

Посета на археолошкиот локалитет Стакина чешма во Валандово од страна на ученици, наставници, претставници од локалната самоуправа на Валандово и претставници од Институтот Европа за тебе Скопје.

Предавањето на самиот локалитет беше одржано од страна на проф. д-р Антонио Јакимовски, доктор по археолошки науки.

Најзначаен локалитет во Валандово е Стакина чешма-градска вила со над 400 м2 мозаици. Според стилските карактеристики на мозаиците, зачуваната архитектура, како и движниот археолошки материјал, оваа градба може да се датира во втората половина на 4 век, односно според пронајдените монети и керамички материјал, градбата е датирана во доцнантичкиот период во 4 и 5 век.

Свеста за своето културно наследство се развива од најмала возраст!

Археолошкиот локалитет Стакина Чешма се наоѓа во самиот град Валандово. Откриен е во 70-тите години на минатиот век, кога се откриени неколку простории со подни мозаици изработени во различни техники. Музејот на Македонија под раководство на Мила Шурбаноска ги започна археолошките ископувања во 1987 година.

​Со систематските археолошки ископувања се добија голем број информации за улогата и значењето на овој археолошки локалитет. Имено станува збор за римски Домус – Вила со прекрасни подни мозаици. Откриени се десет простории со подни мозаици изработени во различни техники, дел од системот за хидроинсталација, како и дел од економските простории на зградата.

Подовите во сите простории, освен во економските, се изработени во opus tessellatum и opus sectile со разни геометриски мотиви, украсени со полихроматски тесери. Во некои од собите имаме комбинација на opus tessellatum и opus sectile.

Според стилските карактеристики на мозаиците, зачуваната архитектура, како и движниот археолошки материјал оваа градба можеме да ја датираме во втората половина на 4 век, односно според пронајдените монети и керамички материјал градбата е датирана во доцноантичкиот период во 4 и 5 век.

Националниот проект ,,Свеста за своето Валандово II” е во реализација на Институтот Европа за тебе Скопје, поддржан од Министерството за култура и општина Валандово.

Реконструкција на објектот

На 07.09 2020 година во посета на Филозофскиот факултет беа наставници од основните и средното училиште од општина Валандово. Тие го посетија и археолошкиот музеј на Филозофскиот факултет, каде професорите Антонио Јакимовски и Марјан Јованов од Катедрата за Историја на уметност и археологија им одржаа пригодно предавање за артефактите од археолошкиот локалитет Исар Марвинци кој се наоѓа во Валандово.

Завршна конференција за проектот “Иднината на Валандово – младите ја развиваат свеста и љубовта кон сопствената култура, наследство, традиција и богатство – Свеста за своето Валандово”.

Во присуство на министерката за култура, Ирена Стефоска и советниците за образование и култура беше одржана завршната конференција за проектот “Иднината на Валандово – младите ја развиваат свеста и љубовта кон сопствената култура, наследство, традиција и богатство – Свеста за своето Валандово”.

Преку проектот се одржаа едукативни работилници, семинари и посети на локациите од историска важност за нашата општина. Младите од општината имаа можност преку активности да ја развијат свеста и љубовта кон сопствената култура, наследство, традиција и богатство. Се изготви и промотивен материјал со цел поефективно претставување на валандовската вредност и посебност пред останатите и се реализираше дополнителна едукација за сопственото културно наследство кај најмладите од општина Валандово. Проектот “Свеста за своето Валандово” е поддржан од Министерството за култура, како дел од поддршката на проекти од национален интерес во културата.